Најдлабокиот базен во светот се наоѓа во Италија

Најдлабокиот базен во светот се наоѓа во Италија и има длабочина од 40 метри или визуелно колку зграда од 12 ката. Дизајниран е од архитектот Емануел Боарето и главната намена е за нуркачи да можат да вежбаат длабинско нуркање, но исто така се користи и од синхронизирани пливачи кои ги вежбаат своите рутини.